If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈА „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2016“
12208
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12208,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈА „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2016“

Дата

February 04, 2017

Категорија

Вести, Спорт

Во петокот беше одржана манифестацијата „Спортист на годината 2016“.

На покана на Градоначалникот на општина Радовиш, на манифестацијата присуствуваа голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и голем број менаџери од бизнис секторот во општина Радовиш.

 

На почетокот беа презентирани сите достигнувања во однос на спортската инфраструктура и поддршката на спортските клубови од страна на општина Радовиш. Во знак на добра соработка, на дел од компаниите кои го помагаат спортот во нашата општина, од страна на Градоначалникот беа доделени Благодарници за висока општествена одговорност. Пракса која ќе продолжи и во иднина а се со цел да се зацврсти заедничката соработка на општина Радовиш со приватниот сектор во насока на подобрување на општественото живеење.

 

Комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за Избор на Спортист на годината, изврши избор на најдобрите поединци – спортисти во различните категории, спортски работник и посебни спортски достигнувања во текот на изминатата 2016-та година.

 

Најпрво беше доделено Признание на Пионерите на ФК Плачковица како и поединечни Признанија на Александра Филева од Училишниот спортски клуб Крсте Петков Мисирков, на Давид Спасов од Велосипедскиот клуб БЕЛ КАМЕН БАЈКС како и на Благица Лазарова од Тенискиот клуб АС и Божидар Крстев од Тенискиот клуб Меч Поинт.

 

Плакети за посебно спортско достигнување беа доделени на Спортско риболовниот клуб КРАП, на Филип Таушанов од СРКК Крап и на Митко Ашкилов од Маи Таи клуб Комбат.

 

За тренер на годината, плакета беше доделена на Ристе Ристов од Маи Таи клуб Комбат.

Плакета за особен придонес во развојот на спортот во општина Радовиш беше доделена на Илија Трајанов.

Плакета за Спортист на годината во категорија Кадети беше доделена на Ратко Костов од Џудо клубот Сенсеи од Радовиш.

Плакета за Спортист на годината во категорија Јуниори, Столе Здравков од Велосипедскиот клуб Оксижен од Скопје, како и

Плакета за спортист на годината во категоријата Сениори на Горан Атанасов од Боречкиот клуб Бучим Радовиш.