If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДРЖАНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НОВИОТ РУДНИК „БОРОВ ДОЛ“
14014
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14014,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДРЖАНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НОВИОТ РУДНИК „БОРОВ ДОЛ“

Дата

March 20, 2018

Категорија

Вести

Вчера во салата за состаноци во општина Радовиш беше одржана Јавна презентација и дебата за новиот површински коп „Боров дол“. Организатори на презентацијата и дебатата се министерствата за транспорт и врски и за животна средина.

Извршниот Директор на рудникот „Бучим“-Радовиш Николајчо Николов вели дека отварањето на рудникот „Боров дол“, кој ќе биде површински коп ќе го продолжи векот на „Бучим“ до 2030 година. Тој истакна дека овој рудник ќе биде модерен и според европските стандарди. Планирана е во реализацијата на новиот ископ да вложат 50 милиони евра. Додека суровината од „Боров дол“ ќе се транспортира со транспортна лента до постојната инсталација во Рудникот Бучим.

 

„Боров дол“ ќе биде еден современ коп за ископ на бакарна руда со примена на НДТ, кои се применуваат во Европа, ќе биде таков рудник кој ќе се гради сосема модерно и врз животната средина надвор од концесискиот простор практично нема да има никакво влијание, вели Николов. Тој истакна дека по ископувањето на јаловината веднаш ќе се реколтивира просторот, што досега не е правено во останатите рудници. Од комплексот нема да бидат испуштани загадени води кои не ги задоволуваат условите во постоечките сливни подрачја. Значи ќе има пречистителна станица, постојано ќе се врши навлажнување на територијата каде што е рудникот. Нема да има прашина, ќе се врши мониторинг на повеќе точки за да се знае, кога евентуално се надминати дозволените параметри и какви мерки треба да се превземат, вели Николов.

 

Јавната презентација и јавната анкета по Државната урбанистичка планска документација се спроведе со излагање на планската документација во просториите на општините Конче, Штип и Радовиш, а исто така планската документација е достапна на веб страната на Министерството за животна средина и на Рудникот Бучим.
Јавната анкета ќе трае 5 работни дена односно од 15-03-2018 година до 22-03-2018 година. Во споменатиот рок, заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено со планската документација можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Површината на планскиот опфат на Државната урбанистичка планска документација изнесува 472,38 ха и истиот се наоѓа во ридско-планински терен со надморски висини кои се движат од 450-730м, североисточно од село Дамјан на оддалеченост од околу 700м, на југоисток од селото Горна Враштица на оддалеченост од околу 300м, на југ од езерото Мантово на оддалеченост од 450м. и на запад од селото Брест на оддалеченост од 200м.