ОПШТИНА РАДОВИШ СО УШТЕ ЕДНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗДРАВНИОТ ДОМ ОД РАДОВИШ
Дата
November 25, 2014
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиДеновиве сме сведоци на интензивни работи околу реконструкцијата на фасадата на ЈЗУ Здравен дом од Радовиш, како дел од проектот за подобрување на енергетската ефикасност, а надоврзување на низата од заедничките проекти помеѓу општина Радовиш и ЈЗУ Здравен дом.
Со цел да создадеме подобри услови за нега и заштита на граѓаните ја реализираме и оваа инвестиција од проектот за реконструкција на фасадата, а со цел дополнително зголемување на енергетската ефикасност. Во последната година реализиравме доста капитални инвестиции во Здравниот дом, се реконструираше зградата за консултативно специјалистичката амбуланта, се промени целокупната столарија, беше набавен современ еко ЗД апарат – истакна Сашко Николов – Градоначалникот на општина Радовиш.
Идеите и проектите не би биле реализирани доколку не постои соработка со општината и Градоначалникот, затоа да искажам благодарност до Градоначалникот Николов и Советот што секогаш наоѓаат разбирање за здравството и се вклучија да инвестираат во ЈЗУ Здравен дом Радовиш. Со оваа завршна фаза на реконструкција на фасадата се заокружува целиот проект за енергетска ефикасност – истакна Ванчо Ристов, Директор на ЈЗУ Здравен Дом Радовиш.