If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ ДОМАЌИН НА НАЈМАСОВНАТА СРЕДБА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
8817
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-8817,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ ДОМАЌИН НА НАЈМАСОВНАТА СРЕДБА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Дата

July 20, 2014

Категорија

Вести, Култура

Денес во комплексот Св. Ѓеорги во Ораовица се одржа најмасовната средба на пензионерите досега организирана во Македонија. Со преку 100 автобуси, многу мини автобуси и комбиња пензионерите од сите Здруженија од Македонија уште во утринските часови пристигнуваа во прекрасниот комплекс на манастирот Св. Ѓеорги, а се претпоставува дека денес присуствуваа преку 8,000 пензионери.

 

Покрај богатата целодневна програмска содржина, Претседателството и претставниците од сите Здруженија одржаа и координативен работен состанок, а исто така беа почестени и од присуството на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов, Претседателот на Советот г-дин. Никола Миовски, Градоначалникот на општина Конче г-дин. Благој Јованов, Ктиторот на Манастирот Св. Ѓеорги г-дин. Николајчо Николов и Претседателот на Здружението на пензионерите на Македонија г-дин. Драги Аргировски.

 

Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов ги поздрави присутните пензионери и го истакна задоволството што Радовиш веќе неколку години е домаќин на најмасовните средби на панзионерите.   Тој истакна дека како и досега општина Радовиш во своите можности секогаш ќе ги помага заедничките проекти и активности со Здружението на пензионерите од Радовиш.

Посакувајки им добро здравје и среќа Градоначалникот Сашко Николов им отври покана и догодина да се видат повторно на уште поголема и поорганизирана средба во овој прекрасен манстирски комплекс.

 

Претседателот на Здружението на пензионерите на Радовиш и Конче г-дин. Јордан Костадинов им се заблагодари за присуството на пензионерите од сите Здруженија, а со денешното присуство на преку 8.000 пензионери докажавме дека сме едни од најорганизираните Здруженија во Македонија – истакна Костадинов.

Од свое име и од име на сите пензионери му се заблагодари на Градоначалникот Сашко Николов  и општина Радовиш што нивните барања успеваат за многу кратко време да ги остварат и реализираат.

 

Претседателот на Здружението на Република Македонија г-дин. Драги Аргировски официјално ги отвори овие средби, и истакна дека оваа денешна пенионерско-народна средба е навистина за поздравување, денес пензионерите се многу задоволни што се дел од оваа средба која е одличен пример за успешна соработка помеѓу локалната самоуправа и Здужението на пензионерите од Радовиш, секое наше здружение има добри резултати ако има добра соработка со локалната самоуправа и Градоначалникот – во своето обраќање истакна Аргировски.

 

Пензионерите во продолжение имаа богата културно-уметничка програма, а целодневно ги забавуваше и оркестар со музика во живо, а специјален гостин беше македонската музичка звезда Круме Спасовски.