If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ ПОДГОТВЕН ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 6-ТИ НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО
11089
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11089,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ ПОДГОТВЕН ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 6-ТИ НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО

Дата

October 30, 2015

Категорија

Вести

По повод 6-ти Ноември-ден на ослободувањето на градот Радовиш од фашистичкиот окупатор 1944 год. предвидени се многубројни настани и свечености со кои општината и градоначалникот ќе го одбележат значењето на овој ден за градот, општината и сите граѓани.

Имено настаните започнуваат од четврти ноември Среда кога е предвидено Свечено пуштање во употреба на детски парк во населено место Злеово со почеток од 11 часот.

Потоа во 12 часот е предвидено поставување на камен темелник на училиште во населено место Покрајчево.

Програмата истиот ден ќе продолжи со Изложба на традиционални носии, ОУ ЦК ,,Ацо Караманов“ со почеток од 18 часот. Потоа граѓаните ќе можат да уживаат во театарската претстава ,,Радовишки лаф маабети“.

 

Во четврток на пети ноември ќе биде одадена почест на луѓето учесници во целиот настан далечната 1944 година односно во 11.30 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обејежјата во Радовиш. Свечената седница на Советот на општина Радовиш на која ќе бидат доделени признанија на организации и граѓани кои со своето работење и резултати во локалната заедница ја одбележаа минатата година ќе биде одржана во салата на Советот на општина Радовиш со почеток од 12.00 часот.

 

Свечениот прием на Градоначалникот на општина Радовиш е предвиден од 12.30 часот.

 

Одбележувањето и активностите продолжуваат од 19.00 часот со одржување на сцечена Академија по повод 71 година слободен Радовиш која ќе биде одржана во просториите на Центарот за култура ,,Ацо Караманов“.

 

Свој придонес кон овој значаен наста ќе имаат и ликовните уметници од ДЛУР „РАДА“ со ликовна изложба на дел нивни дела на истиот простор во Центарот за култура.

 

Истиот ден предвидено е да бидат одржани финалните натпревари на 6-то ноемврискиот турнир во мал фудбал во СРЦ „25-ти Мај“.

 

Во петок на 6-ти ноември започнуваат 42-те Караманови поетски средби чие свечено отварање е предвидено од 18.00 часот. Во склоп на програмата наредниот ден во сабота на седми ноември со почеток од 11.00 часот во ОНБ „Браќа Миладиновци“ предвидено е одржување на тркалезна маса-,,Книжевни портрети со македонски писатели,,.