САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2018
Дата
October 13, 2018
Категорија
ВестиВечерва се продолжи со музичката програма во склоп на Манифестацијата „Самун ем Татлија“.
Програмата беше за сите вкусови, најпрвин настапија РГБ Бенд, Кристијан Мицев, и Троја Бенд. Потоа Кристина Арнаудова со својот бенд за на крај да се заврши со величествениот концерт на „Црвена Јабука“.
Радовишани и сите други присутни гости имаа можност да ги слушнат познатите рефрени и хитови на овој бенд.
Богатата музичка програма продолжува и утре со почеток од 12.00 часот.
Повелете вкусете ги прекрасните радовишки специјалитети „Самунот и Татлијата“ и поминете прекрасни мигови на овогодишната манифестација „Самун ем Татлија“.