If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СЕРИОЗНИ ИНВЕСТИЦИИ – ГАРАНТ ЗА ВРВНИ УСЛОВИ И ВРВНИ РЕЗУЛТАТИ НА ФК ПЛАЧКОВИЦА
9063
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9063,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СЕРИОЗНИ ИНВЕСТИЦИИ – ГАРАНТ ЗА ВРВНИ УСЛОВИ И ВРВНИ РЕЗУЛТАТИ НА ФК ПЛАЧКОВИЦА

Дата

September 03, 2014

Категорија

Вести, Тековни Проекти

Имајки го во предви фактот што со изградбата на фудбалскиот стадион и едната соблекувална на местото на старото фудбалско игралиште  од страна на Агенцијата за млади и спорт не се создаде еден до крај заокружен спортски објект и гледајки ја руинираната и опасна по животот и здравјето на фудбалерите стара соблекувална, и депонијата која се ствараше позади северната трибина, градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов започна со реализација на еден поголем и пообемен проект за реконструкција и доизградба на Фудбалскиот стадион во Радовиш.

 

Со помош на менаџерскиот тим на Бучим во целост се изградени нови модерни соблекувални и помошни простории,изграден е нов ограден зид од северната и источната страна и реновирана е северната трибина која е надоградена со дрвени клупи за седење.депонијата со помош на приватните градежници е исчистена и се очекува наскоро да биде посеана со трева и да се добие нов помошен терен,започнати се и низа на други градежни  и оперативни зафати за поквалитетни и пофункционално видоизменување на стадионот.

 

За реновирањето и реконструкцијата на фудбалскиот стадион предвидени се околу седум милиони денари од кој еденипол милион се донација од страна на рудникот Бучим , додека останатите средства се обезбедени од буџетот на општина Радовиш.

 

Паралелно со реконструкцијата и реновирањето на стадионот и помошните објекти започната е реорганизација на самиот фудбалски клуб Плачковица.Како никогаш досега општината Радовиш од својот буџет додели   огромни финансиски средства се со една единствена цел.вракање на Плачковица на старите патеки на славата,во клубот се вратија најголемиот број на наши домашни фудбалери и од Плачковица направија силен фудбалки колектив кој речиси сигурно се врака во втората фудбалска лига,почетните резултати од првите две кола ни даваат за право да веруваме во погоре напишаното. Плачковица е прва со шест бода и гол разлика од +9.

 

фото