If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЗАВРШИЈА 44-те КАРАМАНОВИ СРЕДБИ – МНОГУБРОЈНИ АКТИВНОСТИ ОД ОВОГОДИШНИТЕ „КАРАМАНОВИ СРЕДБИ“
13204
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13204,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЗАВРШИЈА 44-те КАРАМАНОВИ СРЕДБИ – МНОГУБРОЈНИ АКТИВНОСТИ ОД ОВОГОДИШНИТЕ „КАРАМАНОВИ СРЕДБИ“

Дата

December 03, 2017

Категорија

Вести, Култура

Деновиве Радовиш живееше и пулсираше во духот на 44-Караманови средби. Се чествуваше за големиот поет и револуционер Ацо Караманов чиј живот прерано згасна пронижан од куршумите на фашистичкиот окупатор.

Свеченото отворање беше в петок на 1 декември со камерно-музичкиот настап на доајенот на македонската етно -музика и светски признатиот Драган Даутовски под наслов „Апокалиптикум“, за по нив да земат учество и членовите од балетското студио „Газели“ со нивниот дел под наслов „Жена воин“ во кореографија на Изабела Ангелова.

Младинскиот поетски театар со Маја Ужевска, Моника Трајанова и Стефанија Ефтимова преку стихови од Караманов ја „раскажаа“„Приказната Караманов“.

 

Честа да ги отвори „Карамановите средби му припадна на претседатеот на Советот на општина Радовиш Коле Чаракчив, во име на општина Радовиш која е покровител оваа манифестација.

Познатиот ликовен уметник Новица Трајковски пред публиката го откри портретот на Ацо Караманов, кој беше изработен на втората меѓународна радовишка ликовна колонија „Св.Георги“-Ораовица, како подарок лично од него. Патем, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беа изложени дела од учесниците на ликовната колонија.

 

Покрај портретот на Караманов „Карамановите средби“ добија и една бесценета донација од семејството на еден од нашите најголеми скулптори во историјата на македонската уметност-академик Томе Серафимовски. Општина Радовиш доби една мала колекција од три дела кои и по својата вредност и по својата симболика се голем поттик, конечно и најдостоинствено да му се оддолжи на вундеркиндот на македонската книжевност, на македонскиот Рембо-Ацо Караманов, т.е.да уреди еден меморијално-музејски простор посветен на Ацо Караманов,кој ,покрај музејскиот дел, за што Советот на на „Карамановите средби“ веќе има и богат документарен материјал, ќе има и функција на истражувачки книжевен центар, кој во континуитет ќе работи за целосното откривање на делото на Караманов, чиишто дела се уште не се докрај пристапни на македонската книжевност, како и во сферата на преведувањето на поезијата на Караманов на неколку светски јазици со цел светот да знае за Ацо Караманов.

 

Семејството на на академик Серафимовски на општина Радовиш подарија бронзени скулптури со ликовите на Блаже Конески, на Крсте П.Мисирков и Кирил Пејчиновиќ-Тетоец. Пригоден збор притоа одржа една од ќерките на академик Томе Серафимовски, Соња Серафимовска. Во знак на благодарност, Караманови средби на семејството Серафимовски им подарија спомен апликација со ликот на Ацо Караманов изработена од нашиот познат уметник од Радовиш, Крсте Тарабунов.

 

Во продолжение на манифестацијата следеше поетскиот мозаик. На почетокот настапија еминентните поети-членови на Друштвото на писателите на Македонија: Стојан Тарапуза, Вања Изова Велева, Борче Панов, Елена Пренџова, Игор Крајчев, Марина Мијаковска и Јовица Илиќ. Од битолскиот книжевен круг настапи поетесата Даниела Андоновска Трајковска.

Свое учество на „Карамановите средби“ имаа и поети од странство меѓу кои: Том Филипс од Велика Британија, Литов Намдагжанчивин од Монголија, Цабо Палоч Аила од Унгарија, Ерол Туган од Турција, Екатерина Григорова и Иван Христов од Бугарија, Петер и Мојца Андреј од Словенија и Миодраг Јакшиќ, Александра Радаковиќ и Наташа Радосављевиќ од Србија.

На крајот од поетскиот мозаик свои песни прочитаа и младите поети од Радовиш Драгана Коцева и Маја Ужевска.

 

Овогодишна добитничка на веќе престижната книжевна награда „Караманов“ по распишаниот конкурс за избор и објавување на најдобар поетски ракопис во едицијата Караманов за 2017 е поетската книга со наслов „Стаклена градина“ на Сања Атанасовска.

„Карамановите средби“ продолжија и следниот ден со писателскиот портрет на македонскиот писател и поет Милован Стефановски од страна на Бранко Цветковски кој се одржа во ОНБ„Браќа Миладиновци, за веднаш потоа во придружната манифестација „Поетски меридијани“ да се претстават поетите гости од странство.

„Карамановите средби“ завршија со средба на словенечкиот поет и кантавтор Петер Андреј и неговата сопруга ,исто така поетеса Мојца Андреј со млади поети и читатели од основните општински училишта „Крсте П.Мисирков“,Никола Карев “од Радовиш и „Коста Рацин“ од с.Подареш.

 

Текст-Репортажа:

Проф. Томе Постолов

 

Photo Gallery - Фото Галерија

ФОТО ГАЛЕРИЈА