If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ЗАЕДНИЧКИОТ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ТЕТЕВЕН И ОПШТИНА РАДОВИШ – „ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА“
16356
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-16356,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ЗАЕДНИЧКИОТ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ТЕТЕВЕН И ОПШТИНА РАДОВИШ – „ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА“

Дата

July 23, 2019

Категорија

Вести, Реализирани Проекти

Од 18-ти до 21-ви Јули, во пријателската општина Тетевен во Република Бугарија, преку повеќе интерактивни настани, успешно беше реализиран заедничкиот проект на општина Радовиш и општина Тетевен „Заедно создаваме подобра иднина“ кој беше одобрен на почетокот од оваа година преку програмата „Европа за граѓаните“.

Во проектот учествуваа над 400 учесници од двете општини.

Делегацијата предводена од градоначалникот Герасим Конзулов, претставници од локалната администрација, членови на Советот на општина Радовиш и претставници од бизнис секторот, угостителството и граѓанскиот сектор, пристигна на 17.07. беше пречекана од градоначалникот на општина Тетевен, Д-р Мадлена Бојаџиева со соработниците.

 

На 18 јули во хотелот „Света Екатерина“ во с.Рибарица, со почеток во 09:30 час. започна првиот работен ден од овој проект.

По пристигнувањето на Амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Г-дин Марјан Ѓорчев и регистрацијата на сите учесници, најпрво беше отворена бизнис изложбата во фоајето на хотелот на која се претставија дел од локалните компании од општина Тетевен и општина Радовиш.

Во 10:00 час. со поздравни говори од градочалниците Конзулов и Бојаџиева, беше отворен бизнис форумот. Најпрво се започна со општи презентации за општините, од страна на Камелија Канчева за општина Тетевен и Игор Чапов за општина Радовиш а потоа беше презентирана и фејсбук страницата на самиот проект.

Во вториот дел од форумот беа проследени неколку презентации од локални компании и сместувачки капацитети од општина Тетевен, како и презентација на туристичките и бизнис потенцијали на општина Радовиш. Воедно, беа презентирани и можностите за заедничка соработка во областа на претприемаштвото, образованието, туризмот и користењето на европски финансиски инструменти, актуелни програми и извори за финансиране на мал и среден бизнис. Подоцна, низ дискусијата беа разменети искуства и добри практики и придобивки од користењето тие финансиски инструменти.

Во вториот дел од работниот ден, беше реализирана посета на неколку успешни компании и угостителски капацитети во општина Тетевен и тоа: „Камакс“ ООД, ДСП „Бимекс“, „Хармонија- ТМ“, „Арте италиана“, куќа за гости „Тројцата глупаци“, соби за гости „Алпина“ и куќи за гости „Вита“, „Бревита“ и „Бојана“, во село Черни Вит.

Истиот ден во попладневните часови пристигна и втората група учесници во проектот, која беше сместена во хотелот „Зорница“ во с.Рибарица.

 

На 19 јули во модерниот комплекс – Бизнис центар „Балкан“ во с.Рибарица започна форумот „Иднината на Европа и младите луѓе – економски развој и социјално зближување“. После кратките обраќања на градоначалниците на Тетевен и Радовиш, веднаш започна заедничката интерактивна работилница на повеќе од 80 ученици од три средни училишта од Тетевен и средното училиште од Радовиш.

Тие покажаа одлични познавања во областа на функционирање на Европската унија, а сето тоа го следеа и присутните директори и професори од средните и општинските училишта. По кратката пауза, која со свој настап ја збогатија учениците од музичкото училиште од Тетевен, се продолжи со презентација на најважниот документ од самиот проект а тоа е „Општа стратегија за младите“ која беше презентирана од Валентина Николаева – Директор на дирекцијата за администрација во општина Тетевен.

Форумот продолжи со презентирање на добри практики во сферата на младинските политики и образование во двете општини преку презентациите: „Иновативно образование“ од Маринела Маркова-Директор на СУ „Г.Бенковски“, „Иновативно училиште“ од Цветана Иванова-Директор на ОУ „Г.Бенковски“, „Практично образование“ од Златина Каталиева-Директор на ПГГСД „С. Младенов“, како и презентациите на СОУ „Коста Сусинов“ од Маја Ужевска и „Потребата од кадри за стопанскиот сектор во Радовиш“ од советникот за образование во општина Радовиш, Борче Панов.

 

Вториот дел од овој прекрасен заеднички ден беше спроведен во месноста Костина во с.Рибарица каде преку активноста „Идеен тимбилдинг–Flashmob“ односно преку спортско-забавни и логички игри учениците покажаа високо ниво на меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање за постигнување на заеднички цели во иднина.

Во приквечерните часови пристигна и третата група учесници во проектот.

 

Активностите продолжија и на 20 јули на месноста Костина, каде во 09:30 час. беше отворен „Фолклорниот фестивал на народните обичаи и автентични носии“, на кој свое учество со прикажување на традиционални носии и еден заеднички обичај имааа членовите од Фолклорниот ансамбл „Радовишанки етно“ и од „Распеани Радовишани“.

 

Програмата продолжи и во вечерните часови, каде како дел од фестивалот и од самиот проект во 19:00 час. започна програмата од „Вечер на македонскиот фолклор“.

Свој брилијантен настап имаа: Фолклорниот ансамбл „Радовишанки Етно“, Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Ораовица, Балетското студио „Газели“ и секако милозвучниот градски ансамбл „Распеани Радовишани“. Сите тие заедно предизвикаа огромни емоции и беа наградени со громогласни аплаузи.

Дел од делегацијата ги посети манастирот „Св. Илија“ во Тетевен и пештерата „С`ева дупка” во општина Јабланица.

Делегацијата замина на 21 јули, понесувајќи огромни импресии и нови пријателства, но пред се – нови искуства кои во иднина ќе дадат свој придонес во развојот на нашата општина.