If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ВАСИЛИЧАРСКИ ОГНОВИ – ДОЧЕК НА ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА
9872
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9872,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ВАСИЛИЧАРСКИ ОГНОВИ – ДОЧЕК НА ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА

Дата

January 13, 2015

Категорија

Вести

Со масовни организирани собири во сите населените места, организирано во некои традиционално со примопредавање на кумството, и традиционалното лепче со паричка, а во некои збогатено со маскембали и дефиле беше дочекана Православната нова година.

 

 

И оваа година по трет пат во Ораовица беше одржан карневалот “Џамала 2015” на кој продефилираа преку дваесетина поединечни и групни маски. Карневал “Џамала 2015” и оваа година беше под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин Сашко Николов кој вечерва на ,,Васлиличарските огнови,, беше гостин во повеќе населени места во општината.

Карневалот кој веќе трета година по ред го организираме во Ораовица, прераснува веќе во традиционален и масовен со голем број на учесници и посетители, а со подршката на општината и Градоначалникот Николов се надеваме дека во наредните години ќе успееме да го подигнеме на повисоко ниво со учество на поединечни и групни маски од републикава и странство – истакна Димче Петров еден од организаторите на карневалот “Џамала 2015”.
За најдобрите маски и изведби беа доделени и пригодни награди од страна на Градоначалникот и организаторот.

 

 

Во сите населени места во општината, со сукана Баница, лепчиња со паричка, грејана ракија и домашни колбаси, жителите го одбележуваат доаѓањето на Православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица.

Спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне паричката ќе биде кум наредната година и ќе ги организира сите луѓе околу василичарскиот оган. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат староградски песни и народни песни до рано изутрина.

Оваа традиција во Радовиш и околните населени места се негува со децении. Тоа е време кога соседите ги споделуваат згодите и незгодите од празнувањето, раскажувајќи за тие од претходната година.

„Во нашата маала, улица ,,Ленинова,, во потегот од некогашниопт СИЗ за становање до Реката од скоро започнавме да се собираме на ваква убава традиција и со успех ја одржуваме, веќе неколку години по ред . Се дружиме, печеме колбаси, делиме лепче со паричка, кој што подготвил од дома донел на трпезата, пееме и се веселиме за лошите работи да избегаат од нас и да ни се случуваат само добри работи во годината што следува,, вели Петре еден од организаторите на василичарскиот оган.

 

 

,,Цел ден сум овде, го наместив оганот, го запалив, поставивме маси и сега е време да се дружиме и да ја одржиме нашата стара македонска традиција. Кога идат овие празнични денови сите со нертрпение очекуваме да се случи оваа вечер, нашата дружба ни помага во овие напорни и тешки времиња, преку одржување на традицијата и на нашите деца во иднина да им дадеме правец и насока истото да го одржат,, вели Мајстор Киро Вучковски.

 

 

И покрај тоа што Василица е празник кој по традиција се одбележува во домашна атмосфера, собирањата на граѓаните и палењето на василичарскиот оган се многу чести во различни делови од нашиот град и населени места. Со што се дочекува утрешниот празник посветен на Свети Василиј Велики.