ВЕЧЕР НА “СНАИТЕ И СВЕКРВИТЕ”
Категорија
КултураВчера во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш а во склоп на „Радовишкото културно лето 2014“, се одржа изложбата на Карикатури од меѓународниот конкурс „Невестинско поклонение“, преку која на хумористичен начин беше прикажан специфичниот традиционален однос помеѓу Снаите и Свекрвите.
Заради збогатување на овој настан, а со цел да се доловат семејната традиција и македонските обичаи за готвење, Центарот за култура „Ацо Караманов“ во соработка со општина Радовиш организираше „Натпревар во најдобар – заеднички приготвен специјалитет“.
На натпреварот беа изложени домашно изработените специјалитети – еден солен и еден благ специјалитет, заеднички подготвени од снаа и свекрва. По донесувањето на лице место, специјалитетите од страна на задолжените лица беа обележани со имињата на приготвувачите, а специјална комисија подоцна ги дегустираше и отцени.
Од страна на вредните домаќинки беа изработени и претставени традиционалните јадења кои потекнуваат од нашиот крај – зелник, погача, нишпеде, боден дедо и други сукани специјалитети, како и раванлија, к-днки, баклава и други благи специјалитети.
Комисија која ќе ги анализираше и дегустираше производите изврши избор на најдобрите, а беа доделени три награди: Најдобар заеднички специјалитет (снаа и свекрва), Најкреативни Снаа и Свекрва, и Најличен специјалитет .