If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ВО РАДОВИШ ОДРЖАН „САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ“
11078
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11078,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ВО РАДОВИШ ОДРЖАН „САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ“

Дата

October 28, 2015

Категорија

Вести

Општина Радовиш како партнер на Министерството за труд и социјална политика на Македонија и Агенцијата за вработување на во неколку наврати е домаќин и активно учествува на карванот -„Саеми за вработување“. Денешниот “Саем за вработување“ 2015 година се организира по петти пат и истиот има за цел да ги доближи можностите за вработување до сите граѓани на Република Македонија, вклучувајки ги и граѓаните на Општина Радовиш.

 

Министерот за труд и социјала Диме Спасов го посети денешниот саем за вработување одржан во нашиот град во неговата изјава рече дека:,,Целите за вработување ги Владата на Република македонија ги реализира заедно со партнерите Агенцијата за вработување и компаниите, а со цел компаниите директно да остварат средби со невработените лица, а невработените лица да се запознаат со можностите коишто ги нудат компаниите. Продолжуваме до крајот на годината со уште три саеми за вработување. Би сакал да ја искористам приликата да ја објавам новата мерка на Владата-субвенционирано вработување на лица од социјален ризик кои ќе добиваат 17.000 денари и плус 5000 денари за приватната компанија која ќе ги вработи односно 23.000  денари. Во ова група спаѓаат социјално ранливи категории граѓани и со мерката планираме да опфатиме 100 вработување. Влада на Република Македонија  има обезбедено финансиски средства за спроведување на мерката,,

 

Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов истакна дека денеска нашиот град ја има таа чест да биде домаќин на еден ваков настан, саем на вработување каде ќе се согледаат сите можности за вработување. ,,Ова позитивна активност која се спроведува благодарение на Владата на Република Македонија е за поздравување, особено што во околината на градот во тек е изградба на ТИРЗ и очекуваме со сите наши сили и лобирање во владата во Радовиш да се донесе инвестиција која ќе отвори работни места. Оптимист сум и верувам дека во најскоро време ќе имаме напредок во  ова област.,,

 

Директорот на Агенцијата за вработување истакна дека ова е петиот по ред саем којшто го организираат во општина Радовиш. Во Радовиш се отворени 150 работни места во 100 комапании кои ги имаат искористено можностите на Владата на Република Македонија од програмата ,,Македонија Вработува,,.