ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЦО РИСТОВ ОСТВАРИ ПОСЕТА НА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА
Дата
November 17, 2021
Категорија
ВестиГрадоначалникот Ацо Ристов денес оствари посета на Територијалната противпожарна единица во општина Радовиш.
Во разговор со командирот на единицата и пожарникарите, градоначалникот беше информиран за состојбата во која се наоѓа самата зграда на единицата како и опременоста на единицата која професионално ги извршува задачите околу спасувањето на граѓаните и нивните имоти при пожари, природни катастрофи и елементарни непогоди.
Оваа единица веќе долго време ја докажува својата пожртвуваност и способност и секогаш ќе ја имаат поддршката од Општина Радовиш.