Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
10277
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10277,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дата

April 28, 2015

Категорија

Вести

Градоначалникот Сашко Николов денеска беше домаќин на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија Здравко Беговиќ.

 

На заедничката остварена средба и разговори беа разгледани можностите за соработка помеѓу општини од Босна и Херцеговина, забелешка на амбасадорот беше дека по конфигурација општините во Македонија се слични со општините во Босна и Херцеговина и дека тој многу сака да доаѓа во овој дел на Македонија, воодушевен од гостопримството и приемот.

 

Амбасадорот заедно со претставници на локалната самоуправа ги посетија локалните фирми ,,Бест Фоод,, и Млекара ,,Ѓеоргиеви,, и ,,Металпромет,, каде што амбасадорот се запозна со менаџерскиот тим и сопствениците на локалните фирми каде што утврдија насоки на идна заедничка соработка во делот на промоцијата, давањето подршка и унапредувањето на меѓусебното деловно работење.

 

Амбасадорот ја посети црквата ,,Света Троица,, во Радовиш при што искажа големо воодушевување од нејзината убавина и убавината од фрескоживописот. Пред неговото заминување Амбасадорот Беговиќ изјави дека е воодушевен од приемот и целокупната организација на посетата од општина Радовиш, изрази жалење што не може да ги види сите убавини на нашата општина и најави дека во почетокот на летото повторно ќе го посети Радовиш со цел воспоставување на поблиски економски и културно-образовни односи помеѓу Радовиш и Република Босна и Херцеговина.