ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ВО ПОСЕТА НА ИТАЛИЈА
Дата
November 28, 2017
Категорија
Вести, КултураСогласно добиениот проект „TOGETHER IN DIVERCITY“ од програмата „Европа за граѓаните 2014-2020“- потпрограма Демократската ангажираност и граѓанско учество – Збратимување на градови, која се финансира од страна на Европската комисија, делегација од општина Радовиш предводена од Градоначалникот Герасим Конзулов, беше во официјална посета на општина Контурси Терме во Република Италија.
Во состав на делегацијата беа и претседателот на Советот Коле Чаракчиев, членови на Советот, членови од општинската администрација како и триесет средношколци од Средното општинско училиште со нивните професори и студенти на Факултетот за туризам при универзитет „Гоце Делчев“-Штип.
Во склоп на посетата, беа разменети клучевите на градовите како чин на збратимување и отпочнување на заедничката соработка.
Проектот како дел од потпрограмата, опфаќа да, преку размена на искуства помеѓу општините, дојде до подигање на свеста кај граѓаните за важноста и придобивките од членството во Европската унија, решавање на проблемот со и застапеноста на граѓаните во Европските институции, и секако зацврстување на нови партнерства за спроведување на зеднички проекти финансирани од Европската комисија.
Градоначалникот Герасим Конзулов оствари неколку средби со Градоначалникот на Контурси Терме Алфонсо Форленза, истакнувајќи дека општина Радовиш го зголемува кругот на пријателски градови и општини кои ги сметаме за братски: „Сметам дека денешниот чин ќе значи и отпочнување на заедничка соработка помеѓу нашите две општини во областа на културата, образованието, туризмот и економијата. Започнуваме комуникација и отвараме можности за соработка како помеѓу двете општини така и помеѓу нашите институции“ истакна градоначалникот Конзулов на чинот на збратимување.