ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТСКИ ТРУДОВИ ОД АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ
Дата
September 30, 2017
Категорија
ВестиПочетокот на традицијата на одржувањето на манифестацијата „Самун ем татлија„ која градот Радовиш ја организира секоја година, се совпаѓа со почетокот на традицијата на одржување изложба на студентски трудови од предметот Моделарство кој според наставната програма на Архитектонскиот факултет, УКИМ – Скопје, се одржува секоја втора година.
На покана на Здружението на архитекти и градежници „Градикон„ од Радовиш, а под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш – господинот Сашко Николов, веќе трет пат по ред студентите автори на направените модели се гости на манифестацијата „Самун ем татлија„ со надеж дека оваа убава соработка ќе продолжи и понатака.
На Изложбата која се одржa во Градската библиотека „Браќа Миладиновци„ – Радовиш се претставени дваесеттина макети – реални модели на современи индивидуални станбени објекти на веќе реализирани проекти по избор на самите студенти.