Кампања „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“
Дата
November 17, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаПочитувани сограѓани !
Започнуваме со реализација на кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“, чија главна цел е – во најблиска иднина воведување на зонско паркирање за граѓаните на општина Радовиш.
Свесни сме за секојдневните проблеми со кои се соочувате во делот на паркирањето на вашите возила и затоа ја очекуваме Вашата поддршка на овој проект за еднаш и засекогаш да ги надминеме овие проблеми.
Во тек е изработка на нова физибилити студија во која ќе бидат опфатени изградба на нови и регулирање на постоечките паркинг места како и целосно ставање под контрола на паркирањето во нашата општина.
Однапред Ви благодариме за соработката.
Со почит.