If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ ПО ВТОР ПАТ ВО РАДОВИШ
9233
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9233,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ ПО ВТОР ПАТ ВО РАДОВИШ

Дата

October 14, 2014

Категорија

Вести

Радовиш повторно домаќин на манифестацијата „Самун ем Татлија“ која е посветена на традиционалните специјалитети кои го отсликуваат Радовиш и кои  се симбол на кулинарството на  радовишка кујна.

 

На задоволство на сите граѓани и оваа година под покровителство на општина Радовиш во организација на здружението „Смарт спорт“ посетителите ќе можат да го вкусат радовишкиот сомун и татлија во деновите 17,18 и 19 октомври.

 

Минатата година бевме сведоци на една прекрасна еднодневна манифестација која по својата организираност и со својот музичко забавен дел но и по посетеноста ги надмина сите очекувања. Затоа оваа година Вашето внимание ќе биде задржано три дена исполнети со богата културно забавна програма:

 

петок 17-ти – најдобрите музички таленти на Радовиш и за крај на првата вечер голем концерт на македонската поп звезда ЕЛЕНА РИСТЕВСКА;

сабота 18-ти – настап на Распеани Радовишани, Трио Гранде, Бистри Извори со Ванчо Тарабунов, Јордан Митев, УСКА КАН & Сашо Гигов Гиш и Легендите „ХАРИ МАТА ХАРИ“ и

недела 19-ти – Соња Тарчуловска, Елена Велевска, Благица Павловска и Сузана Спасовска и Ритам Бенд.

 

Градоначалникот Николов и радовишани се убедени во добрата забава а радовишките угостители не го кријат оптимизмот дека годинава очекуваат да ја надминат минатогодишната продажба.

 

Повелете посетете не на 17,18 и 19 октомври, диетите можат да почекаат.

 

 

ВИДЕО Репортажа (Самун ем Татлија 2013)

ВИДЕО Најава 

ВИДЕО Концерт Хара Мата Хари