МИНИСТЕРОТ ФУРКАН ЧАКО ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА РАДОВИШ
Дата
December 10, 2014
Категорија
ВестиВо работна посета на општина Радовиш денес беше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Фуркан Чако.
Министерот имаше работна средба со Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, каде што се разговараше на повеќе теми, а беа разгледани низа прашања поврзани со можните инвестиции во новоформираните индустриски зони во Радовиш, како и разменети мислења за актуелни проблеми со која се соочува општина Радовиш.
Министерот од страна на Градоначалникот Николов беше информиран за тековните активности околу ТИРЗ зоната, и можноста за изградба на индустриски капацитети на странски инвеститори за најкус временски период.
Нагласувајки ги одличните меѓуетнички односи во општината помеѓу турското и македонското население што станува пример за цела држава, Министерот Фуркан Чако, истакна дека најважно нешто и заложба на Владата ќе биде што поскоро отварање на нови фабрики и можноста за вработување на голем број граѓаните од општина Радовиш.
Во продолжение на денешната работна средба Министерот Чако заедно со Градоначалникот Сашко Николов ја посетија ТИРЗ зоната во Радовиш.