СОСТАНОК СO ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ
Вчера во салата на Советот на општина Радовиш, беше одржан состанок со претставниците на Здруженијата на граѓани и невладини организации кои функционираат на територијата на општина Радовиш.
На состанокот присуствуваа повеќе од 30 претставници, кои изразувајќи ја благодарноста кон општина Радовиш и Градоначалникот Николов за досегашната подршка, посочија дека општината има успешна соработка со граѓанските организации и преку партнерство и дијалог се залага за нивна вклученост во локалните политики и стратегии и сите други активности од битен локален карактер.
Од страна на присутните службени лица од Општина Радовиш беа презентирани сите отворени меѓународни повици за финансирање на проекти од јавен интерес како и присутните беа информирани за престојниот Јавен повик за Здруженија на граѓани кој ќе биде објавен од страна на ЕЛС општина Радовиш.
Дата
March 18, 2016