ОТВОРЕН ПРОДАЖНИОТ „САЕМ НА КНИГИ 2017“ ВО РАДОВИШ
Дата
November 13, 2017
Категорија
Вести, КултураПо повод Месецот на книгата, во Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” започна продажниот саем на книгата кој десетти пат по ред се одржува во Радовиш.
Инаку, на саемот, по доста ниски и прифатливи цени, изложени се поголем број на најнови изданија на интересни и барани наслови на книги од издавачките куќи: Наша култура, Феникс, Матица македонска, Култура и Просветно дело кои љубителите на книгата ќе можат да ги разгледат до 17 Ноември.
Во присуство на поголем број љубители на книгата и заинтересирани граѓани, саемот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Во склоп на „Саемот на книги 2017“ беше отворена и изложбата на народни носии „Традиционално наследство на село Ињево.
ФОТО ГАЛЕРИЈА