РАДОВИШ-ОПШТИНА ВО КОЈА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРИНЦИПИТЕ НА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ
Дата
April 29, 2015
Категорија
ВестиОпштина Радовиш е на 2-ро место помеѓу општините од Југоисточен регион, а на 9-то на генерално ниво помеѓу 40 истражувани општини по проектот ЛОТОС-размена на најдобри ЕУ практики во следењето на антикоруптивни мерки на локално ниво. Главната цел на овој проект е да се промовираат и поттикнат практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво, што ќе обезбеди одржлива средина за социјален, економски и еколошки развој.
Зајакнувањето на капацитетит е на граѓаните и граѓанскиот сектор за мониторинг на антикоруптивните практики на локално ниво е предвидено да биде еден од главните предуслови за постигнување на општата цел.
Проектниот конзорциум се состои од 8 граѓански здруженија, од кои секое претставува и работи во еден од планските региони. Активностите на проектот вклучуваат и други елевантни институции, како на пример, Заедницата на единиците на локалната самоуправа и националните антикорупциски тела, кои се од клучно значање кога станува збор за имплементација на ефикасни јавни политики за транспарентност и одговорност во земјава. Водечки партнер на проектот е Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Скопје.