РАДОВИШ СЕ ЗБРАТИМИ СО УКРАИНСКАТА ОПШТИНА КАМЈАНЕЦ-ПОДОЛСК
Дата
October 22, 2014
Категорија
ВестиОпштина Радовиш и општина Камјанец-Подолск од Украина потпишаа меморандум и свечена заклетва за збратимување.
Двете општини планираат соработка во неколку области, со крајна цел премостување на културите и разликите на двата народа во интерес на трајно пријателство.
Во деновите на манифестацијата „Самун ем Татлија“ украинската делегација покрај тоа што присуствуваше на сите организирани случувања, ја посети и новата ТИРЗ зона во Радовиш со цел да ги види индустриските потенцијали на општината и да се разгледа можноста за инвестирање и деловна соработка.
Соработката на општините ќе биде првиот чекор за интензивирање на соработката на двете држави и на локално ниво.