СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 6-ТИ НОЕМВРИ, И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ШЕСТОНОЕМВРИСКИТЕ ПЛАКЕТИ
Дата
November 07, 2017
Категорија
Вести, КултураПрограмата по повод 6-ти Ноември-денот на ослободувањето на градот Радовиш вчера продолжи со Академијата која се одржа во Центарот за култура „Ацо Караманов“. На оваа Академија поздравен говор и обраќање имаше Градоначалникот на Општина Радовиш г-дин Герасим Конзулов.
Градоначалникот Конзулов пред присутните гости и претставници од општествениот и јавниот живот од општина Радовиш, како и на сите граѓани честитајки им го празникот истакна дека: „Заедништвото како најважна димензија на слободата денес е добра пракса сите заедно да учествуваме во остварувањето на нашите највисоки цели – да бидеме успешна и развиена општина во сите сфери на општествениот и економскиот живот, уверен сум дека иднината на нашиот слободен развој ќе ни донесе и подобри животни услови со многу подобар стандард и сигурност за идните генерации“
Во склоп на свечената Академија беа доделени Шестоноемвриските плакети за 2017 година. Плакети за успешна работа на компанијата и особен придонес во развојот на општината беа доделена на генералниот директор на Рудникот Бучим г-дин Василиј Барутски и заменик генералениот директор г-дин Николајчо Николов, за постигнати особени резултати во боречкиот спорт и афирмација на општина Радовиш беше доделена на г-дин Трајчо Ангелов, Плакета за особени достигнувања од областа на културата и афирмација на општина Радовиш беше доделена на г-ѓа Павлина Кошевец.
Програмата по повод 6-ти Ноември-денот на ослободувањето на градот Радовиш продолжи со Концерт на Фолклорниот ансамбл „Ацо Караманов“ од Радовиш.