СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЈА ОДРЖА ВТОРАТА СЕДНИЦА
Дата
November 22, 2017
Категорија
Вести, СоветДенес Советот на општина Радовиш ја одржа втората седница, прва работна седница после конституирањето на новиот Совет.
На оваа седница беше предвиден Дневен ред од повеќе точки, покрај усвојувањето на записникот од претходната седница, беше разгледана точката за формирање на постојани комисии на Советот на општина Радовиш, а исто така беше формирана комисија за изготвување на Предлог-Програма за работа на Советот на општина Радовиш за 2018 година. Последната точка од дневниот ред беше усвојување на извештаите од работното тело на Советот на општина Радовиш.
Исто така со дополнување на дневниот ред, беше разгледан предлогот за давање на гаранција за задолжување на ЈП „Плаваја“ за продолжување на „Проектот за водовод и канализација„ за работните активности за реализација на средствата од кредитната линија на KFW банката.
Седницата ја водеше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев.