СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД КАЛУЃЕРИЦА, СУЛДУРЦИ И ВОИСЛАВЦИ
Дата
March 16, 2015
Категорија
ВестиВечерва се продолжи со Агендата на Градоначалникот Сашко Николов за посети и средби со граѓаните од Урбаните заедници во општина Радовиш.
Градоначалникот Николов ги посети Урбаните заедници од населените места Калуѓерица, Сулдурци и Воиславци каде што оствари средби со граѓаните.
Граѓаните од овие населени места од страна на Градоначалникот Сашко Николов беа запознаени со предвидените проекти кои допрва треба да се реализираат во нивните населени места во рамките на програмите за 2015 година, а од нивна страна беа изнесени приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат.