Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА
12547
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12547,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА

Дата

March 30, 2017

Категорија

Вести

Денес во посета на општина Радовиш беа дечиња од 4-то и 5-то одделение од Основното училиште „Орце Николов“-Ињево. Тие заедно со нивните наставници беа примени од страна на градоначалникот на општината Сашко Николов.

 

Целта на нивната посета е одблизу да се запознаат со институцијата градоначалник и општина, во учебната програма за општествено образование ова тема е вклучена и учениците се запознаваат и учат за надлежностите и функционирањето на општината.

 

Околу 25 дечиња од овие одделенија го запознаа и директно разговараа со градоначалникот на нашата општина.

Тие беа многу љубопитни и видно возбудени, нивниот интерес за работата на општината го изразија преку поставување на прашања од она што го научиле во нивните лекции од предметот општествено образование.