If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ШЕСТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
13722
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13722,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ШЕСТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Категорија

Вести, Совет

Советот на општина Радовиш вчера ја одржа VI седница со Дневен ред од 29 точки, а седницата ја водеше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев.

 

На оваа седница советниците ја разгледаа и усвоија Предлог-Одлуката за учество на општина Радовиш во реализација на проектот „Изградба на две прифатилишта за бездомни животни“ во општините Струмица и Гевгелија во рамки на Југоисточниот плански регион, овој проект беше објаснет од страна на Директорот на Југоисточниот плански регион Жулиета Ѓуркова. Исто така беше разгледана и Предлог-Одлуката за пристапување на општина Радовиш како соосновач на Здружение за рурален развој – Локална Акциона Група Плачковица.

 

Советниците со нивната дискусија која се отвори на оваа седница побараа одложување на седницата со цел доставување на додатните материјали за наредните точки кои беа на дневниот ред. Продолжението на шестата седница се закажа за утре 21.02.2018 година со почеток од 14.00 часот.