If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
15240
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-15240,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Дата

November 23, 2018

Категорија

Вести

Оставрени средби со градоначалниците на збратимените општини и бизнис секторот

 

Ноември 11-16, 2018 – Делегација на Советот на општина Радовиш предводена од Претседателот Коле Чаракчиев оствари петдневна посета на Република Турција на покана од збратимените општини Ергене,Јалова и Алиага.  Во склоп на посетата беа остварени средби со градоначалниците на општините и бизнис заедницата.

 

Делегацијата оставри работна средба во Стопанската Комора на градот Чорлу, и беше примена од претседателот на комората г-нот Изет Волкан. Советникот Енис Омер го презентираше профилот на општината, додека претседателот Коле Чаракчиев ги образложи можностите за инвестирање пред претставниците на бизнис заедницата.

 

Осврнувајќи се на заложбите за подобрување на инвестиционата клима, Чаракчиев истакна дека Радовиш има потенцијал за ревитализација на определени неактивни стопански субјекти кои со нови вложувања можат да остваруваат значителни финансиски добивки.

 

Активностите во Ергене завршија со прием кај градоначалникот, г-нот Расим Јуксел и присуство на културна манифестација во чест на Мустафа Кемал Ататурк.

 

На третиот ден делегацијата пристигна во Јалова. Првата средба беше оставрена со градоначалникот на општина Ташкопру, г-нот Недрет Гулен. Во срдечна и пријателска атмосфера беа разменети искуства во областа на административното работење.

 

Исто така, советниците ја посетија и новата административна зграда на општина Чинарџик и беа примени од градоначалникот, г-нот Авни Курт. Средбата заврши со свечен ручек во чест на турско-македонското пријателство. Во рамките на посетата на Јалова беше остварена и средба со Градоначалникот на Јалова, г-нот Вефа Салман со кој беа дискутирани теми од областа на туризмот и културната соработка меѓу двете општини.

 

На четвртиот ден, делегацијата пристигна во општина Алиага и се запозна со знаменитостите на градот. Во вечерните часови беше остварена неформална работна вечера со колегите советници од општинскиот совет на Алиага.  Свои поздравни обраќања имаа градоначалникот на Алиага, г-нот Серкан Ачан и претседателот Чаракчиев.  Активностите од последниот ден завршија со прием во кабинетот на градоначалникот Ачан.