If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СООПШТЕНИЕ ЗА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА
13692
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13692,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СООПШТЕНИЕ ЗА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА

Дата

February 08, 2018

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните Општина Радовиш е надлежна да врши собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.

 

Прифатилиштата треба да обезбедат спроведување на соодветни мерки и персонал со цел за ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е неопходно лекување на животните. За контрола на популацијата на бездомните кучиња, општината треба заловените бездомни кучиња привремено да ги смести во прифатилиште каде кучињата треба да се кастрираат, односно ојаловуваат, здравствено се третираат, на нив да се изврши превентивна здравствена заштита и тест за социјализација согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство по што истите треба да се вдомат или вратат во реонот од каде што биле заловени.

 

Бездомните кучиња треба да бидат трајно обележани со микрочип, а во случај на бездомни кучиња вратени во реонот на заловување и со други видливи средства за идентификација, на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање.

 

Во случај на појава на заразна болест која може да се пренесе со кучињата, односно доколку постои опасност од појава на ваква болест, може да се спроведе убивање на бездомните кучиња со средства за хумана еутаназија.

 

Општина Радовиш за да ги извршува горе наведените законски надлежности има склучено договор за собирање, згрижување и стручен третман на кучиња скитници во општина Радовиш согласно Законот за заштита и благосостојба на животните за 2017/2018 година со Дпту Ветеринарна станица Неготино Дооел, која заловените кучиња ги транспортира во прифатилиште во Неготино и таму ги спроведува сите постапки предвидени со законот.

 

Се информираат граѓаните на Општина Радовиш дека кучињата кои се обележани со видливи средства за идентификација биле третирани во Ветеринарната станица во Неготино и согласно предвидените законски одредби  се враќаат во реонот од каде биле заловени.

 

Општина Радовиш апелира до сите граѓни да не ги пуштат своите кучиња на јавни површини без присуство на сопственик за да не бидат заловувани.