Манифестација „АПРИЛИЈАДА 2018“
Дата
March 30, 2018
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаИ оваа година, ЕЛС општина Радовиш и ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ во соработка со воспитно-образовните установи од општина Радовиш, по повод меѓународниот ден на шегата 1-ви Април на 02.04.2018 год. (Понеделник) со почеток во 10:15 ч., на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ ќе го организираат традиционалниот детски маскенбал „Априлијада 2018“ под мотото „РАДОВИШ СЕ СМЕЕ“.
Повелете и уживајте во мозаикот на детската фантазија изразена преку бајките што ги читаат, филмовите што ги гледаат и музиката што ја слушаат.