If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | МАНИФЕСТАЦИЈА „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2015“
11387
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11387,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

МАНИФЕСТАЦИЈА „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА 2015“

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 

Спортот е дел од нашето национално чувство, спортот е она преку кое најдобро може да се презентирате себеси, да ја презентирате својата спортска екипа, да ја презентирате својата општина и својата држава. Изминатата 2015-та година, општина Радовиш беше исполнета со бројни спортски настани и манифестации, а исто така и со големи успеси на нашите спортски екипи.

 

Со присуство на голем број спортисти и спортски работници, а во организација на Општина Радовиш – Комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш, а под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов вчера беше одржана манифестацијата „Спортист на годината 2015“, каде што беа доделени признанијата за спортските успеси и достигнувања во изминатата 2015 година.

 

Комисијата за образование, спорт и култура при Советот на општина Радовиш објави Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи, при што беа поднесувани пријави од страна на спортските клубови. Комисијата врз основа на Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината изврши избор на најдобрите поединци-спортисти во различни категории. Со оглед на предвидените критериуми во Правилникот, во предвид се беа земени параметрите: – Постигнати спортски успеси на меѓународен план, – Постигнати спортски резултати на национално ниво, – Како и Развиеност и Јавен статус на спортот на Државно и на Локално ниво.

 

На оваа манифестација исто така беше направена една кратка ретроспектива на сите спортски настани и манифестации кои ја одбележаа 2015 година, како и осврт на новата и обновената спортска инфраструктура во општината.
Од пристигнатите номинации од страна на спортските клубови, а според Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, признанија и награди добија следните спортисти и спортски работници:

Добитници на плакети „Спортист на годината“ се: Кристијан Крстев од „БК Бучим Радовиш“ во категорија јуниори, Драган Јованов од „ВК Бел Камен Бајкс“ во категорија кадети, Цеце Каракепелиева од „Карате клуб Бучим Феникс“ во категорија кадетки, Давид Мијалов од „Триатлон клуб Анада“ во категорија постари Пионери.

Плакета за Спортска екипа на годината 2015 доби: „Фудбалски клуб Плачковица“

Добитник на Плакета за Спортски тренер на годината 2015 беше Дарко Коцев, тренер на „Фудбалски клуб Плачковица“.

Плакета за „Посебно спортско достигнување“ добија Крсте Тарабунов од „Мускулна уметност-категорија Ветерани, Училишен спортски клуб Никола Карев, Влатко Рабаџиски од „ВК Бел Камен Бајкс“, Фиданчо Јованов од „БК Бучим Радовиш“, Фудбалски клуб Детонит и Ракометениот Клуб Радовиш-категорија Пионери.

Добитник на Плакета „Спортски работник за повеќегодишна работа“ беше Митко Самохин за особен придонес во развојот на спортот.

 

Дата

February 20, 2016

Категорија

Вести, Спорт