If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ НА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РАДОВИШ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.
17757
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17757,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ НА УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РАДОВИШ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.

Дата

December 01, 2020

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

 

Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш и врз основа на член 9 од Правилникот за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1656/1 од 17.10.2018 год., по распишаниот јавен конкурс бр.09-1150/1 од 15.10.2020  и записник бр. 09-1150/4 од 30.11.2020 год. со ранг-листа, доставен од страна на Комисијата за пријавените кандидати за стипендирање на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2020/21 год., Градоначалникот на општина Радовиш донесува,

О Д Л У К А

за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование

во Радовиш за учебната 2020/2021 год.

 

Член 1

Општина Радовиш доделува 16 (шеснаесет) стипендии за учебната 2020/2021 година, на следните ученици од основното образование :

VI одделение

  1. Елена Арсова, ООУ Никола Карев………………….. освоени 64 бодови
  2. Борјан Тодоров, ООУ Никола Карев ………………. освоени 63 бодови
  3. Александар Петров, ООУ Никола Карев ……….. oсвоени 62 бодови
  4. Атанас Ципушев, ООУ Крсте П.Мисирков …..… oсвоени 62 бодови

VII одделение

  1. Спасија Лукарова, ООУ Никола Карев……………. освоени 72 бодови
  2. Ана Марија Ѓоргиева, ООУ Крсте П.Мисирков……….. освоени 70 бодови
  3. Елена Ѓоргичкова, ООУ Никола Карев ………….. oсвоени 67 бодови
  4. Елена Ефтимова, ООУ Крсте П.Мисирков …..… oсвоени 64 бодови

VIII одделение

  1. Матеј Цветковски, ООУ Никола Карев …………… освоени 78 бодови
  2. Марија Здравева, ООУ Крсте П.Мисирков ….… oсвоени 76 бодови
  3. Катерина Крстева, ООУ Никола Карев……………. освоени 66 бодови
  4. Драган Петрушев, ООУ Никола Карев ……………. oсвоени 55 бодови

 

IX одделение

  1. Добрилка Ѓоргиева, ООУ Крсте П.Мисирков ……….. освоени 85 бодови
  2. Пенка Трајкова, ООУ Крсте П.Мисирков………………. освоени 83 бодови
  3. Елена Јованова, ООУ Крсте П.Мисирков………….…. oсвоени 73 бодови
  4. Давид Каранфилов, ООУ Никола Карев ……………… oсвоени 71 бодови

Член 2

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година.

Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

 

Член 3

Општина Радовиш доделува 6 (шест) стипендии за учебната 2020/2021 година на следните ученици од средното образование :

 

СОУ Коста Сусинов, Радовиш

I-ва година

  1. Константин Ѓозев (ООУ Крсте П.Мисирков) …….. освоени 74 бодови
  2. Зорица Ристова (ООУ Никола Карев) ………..…… oсвоени 75 бодови
  3. Kира Митева (ООУ Коста Рацин) …………………….. освоени 63 бодови

II-ра година

  1. Ана Бибовска …………………………………………………. освоени 75 бодови

III-та година

  1. Марија Прастова …………………………………………….. освоени 78 бодови

IV-та година

  1. Стефан Ефтимов ……………………………………………. освоени 69 бодови

Член 4

Висината на стипендијата за средното образование изнесува 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година.

Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

 

 

 

Член 5

Општина Радовиш доделува 5 (пет) стипендии – по основ на социјален карактер, за учебната 2020/2021 година, на следните ученици од основно и средно образование:

 

  1. Верица Поцева, I год. – СОУ Коста Сусинов
  2. Давид Тренчев, VI одд. – ООУ Никола Карев
  3. Викторија Спасова, VIII одд. – ООУ Никола Карев
  4. Кети Милева, I год. – СОУ Коста Сусинов
  5. Столе Илиев, VII одд. – ООУ Коста Рацин

 

Член 6

Висината на стипендиите по основ на социјален карактер е 2.500 (две илјади и петстотини) денари за ученици во основното, и 3.000 (три илјади) денари за ученици во средното образование, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година.

Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.

 

Член 7

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.

Незадоволните кандидати имаат право на приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлуката на Градоначалникот на општина Радовиш.

 

 

Изготвиле : Игор Чапов

Борче Панов

Одобрил : Оливера Долдурова

                                   

                                               

01.12.2020 год.                                                      Градоначалник на општина Радовиш      

          Радовиш                                                                           Герасим Конзулов

 

 

 

ОДЛУКА (погледни или превземи)