If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДРЖАНИ НАЈДОБРИТЕ КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ ДОСЕГА СО УЧЕСТВО НА ГОЛЕМИОТ ШПАНСКИ И СВЕТСКИ ПОЕТ ХУСТО ХОРХЕ ПАДРОН
17093
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17093,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДРЖАНИ НАЈДОБРИТЕ КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ ДОСЕГА СО УЧЕСТВО НА ГОЛЕМИОТ ШПАНСКИ И СВЕТСКИ ПОЕТ ХУСТО ХОРХЕ ПАДРОН

Дата

November 26, 2019

Категорија

Вести, Култура

Во рамките на Програмата на 46  Караманови поетски средби, одбележан Јубилејот 1000 години Радовиш со врвно вокално  инструментално дело – кантатата „Радовидение„ посветена на Радовиш – музика, композиторот Стојан Стојков и стихови од писателот Борче Панов.

 

Деновиве Радовиш пулсираше во духот на 46 Караманови поетски средби на кои присуствуваа поети од повеќе земји меѓу кои и големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон. Свеченото отворање на манифестацијата започна со изложба на слики од познатиот македонски сликар Ниче Василевски за кого мошне впечатливо зборуваше писателот Борче Панов.

Манифестацијата, потоа  продолжи со познатите стихови од Ацо Караманов „Псалм за м-лле Лили“ и со беседа за Ацо Караманов од страна на бардот на македонската поезија за деца – Стојан Тарапуза,  а со кореографијата „Перон„ на балетското студио Газели, беше најавен големиот шпански поет, кој се претстави со повеќе песни од својот поетски опус, од кои поемата посветена на Македонија предизвика посебни емоции кај радовишката публика. По претставувањето на Хусто Хорхе Падрон од страна на познатата македонска писателка и критичар проф. д-р Кристина Николовска, градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов на големиот поет со светски глас му ја додели Европската награда за поезија „Ацо Караманов“.

 

Првата вечер од Карамановите поетски средби заврши со изведбата на кантатата „Радовидение чиј композитор е: Стојан Стојков а стиховите се на Борче Панов, за што градоначалникот им додели признание за давање посебен белег во развојот и афирмацијата на општина Радовиш со создавањето на истоимената кантата.

Вториот ден, активностите продолжија во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш со „Поетски портрет на Раде Силјан“ за чиј книжевен опус зборуваа Паскал Гилевски и Љубинка Донева.

 

За добитникот на балканската награда „Ацо Караманов“ – Валерио Орлиќ, како и за неговиот книжевен опус зборуваше писателот Борче Панов со посебен осврт за книгата „Обележувам ѕвезди “ за која авторот ја доби наградата.

Вечерта „Карамановите поетски средби“ продолжија во Центарот за култура „Ацо Караманов“ со „Поетските меридијани„ каде свој настап имаа сите поети, а воедно беа доделени Балканската награда за поезија „Ацо Караманов„ на поетот од Хрватска – Валерио Орлиќ  и наградата „Караманов„ за најдобра поетска книга од македонски автор на Даниела Андоновска-Трајковска.

Третиот ден започна со омаж за големиот македонски поет Матеја Матевски и промоција на книгата „Дождови- 90 песни“. За книгата зборуваше авторот Раде Силјан, којшто му беше и издавач и голем пријател на Матеја Матевски,  но свое излагање за поетот Матеја Матевски имаше и познатиот шпански и светски поет – Хусто Хорхе Падрон – голем пријател на Матеја Матевски. Поетот Хусто Хорхе Падрон пред публиката откри дека во пороцедура била номинација нашиот великан Матеја Матевски за добивање на  Нобеловата награда за книжевност и во негова чест ја прочита песната „Баклава„.

 

Потоа беше одржана и промоцијата на наградената книга од македонски автор која годинава ја доби Даниела Андоновска-Трајковска за книгата „Електронска крв“.

Манифестацијата заврши со Поетски меридијани за најмладите – средба на поетите од Полска, Турција, Србија и Бугарија со младите поети од оснмовните училишта и од средните училиште Коста Сусинов од Радовиш.Гостите беа воодушевени од зрелоста на песните со кои  кои се преставија триесетината млади поети од Радовиш  од кои некои имаат подготвено и свои први книги.

Генерален спонзор на 46 Караманови средби беше градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов кој со своето присуство и учество на сите содржини на 46 Караманови средби даде и голема поддршка на манифестацијата, но и остави посебен белег на целата манифестација.