If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОПШТИНА РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА БИОДИВЕРЗИТЕТ
10635
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10635,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОПШТИНА РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА БИОДИВЕРЗИТЕТ

Дата

July 07, 2015

Категорија

Вести

Од денеска и официјално започнаа активностите поврзани со спроведувањето на проектот за изработка на Студија за биодиверзитет на подрачјето кое го опфаќа нашата општина и подготовка на „Студијата за биодиверзитет“.

 

 

Имено се работи за проект кој ќе се реализира помеѓу општината и Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, односно проф. д-р Стеван Алексоски, м-р Горан  Арсов, дипл.инж. по шумарство Трајче Ангелов и претставници на општината,  а е финансиран од Министерството за животна средина, со дел учество на општината како техничка помош.

 

Обединетите нации го означија периодот од 2010 до 2020 година како деценија на биоразновидноста (биодиверзитетот) односно степенот на разновидност на животните облици во рамките на даден вид, екосистем, биом или планета.

 

Студијата за биодиверзитет која ќе биде направена за територијата на општина Радовиш секако ќе биде од големо значење во делот на евидентирање на целосната флора и фауна на нашето подрачје, нивна подобра заштита и реализација на идни проекти во насока на промоција на природното богатство со  кое располагаме , за за кое многумина од нас малку знаат.

 

На територијата на нашата олпштина се наоѓаат и живеат мнобгу ретки растенија и животни кои во минатото биле предмет на истражување на странски истражувачи. Сега со помош на локални познавачи и стручни лица тоа ќе и биде достап но и на целокупната јавност синтетизирано во целосен труд достапен во печатена и електронска верзија.