If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА И ЗБРАТИМЕНИТЕ ОПШТИНИ ЧИНАРЏИК И ТАШКОПРИ, КАКО И НА ГРАДОТ ЈАЛОВА ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
13737
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13737,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА И ЗБРАТИМЕНИТЕ ОПШТИНИ ЧИНАРЏИК И ТАШКОПРИ, КАКО И НА ГРАДОТ ЈАЛОВА ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Дата

February 20, 2018

Категорија

Вести

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, во текот на  минатата недела оствари тридневна службена посета на на збратимените општини Чинарџик, Ташкопри, како и на општина Јалова во Република Турција. Оваа тридневна посета беше реализирана заедно со градоначалниците и од општините Конче (Благој Илиев) и Василево (Марјан Јанев), коишто на највисоко ниво беа пречекани од овие три општини во Република Турција.

 

 

Градоначалникот Герасим Конзулов имаше средби градоначалникот на општина Чинарџик, Авни Курт,  со градоначалникот на општина Ташкопру, Недред Гулен и градоначалникот на општина Јалова Вафа Салман.

Карактеристично за сите овие три општини и приморски градови е што се наоѓаат во најбогатата област околу градовите Бурса и Истанбула помеѓу два аеродроми.

Преку оваа посета на Јалова, Чинарџик и Ташкопру кои се индустриски добро развиени општини Градоначалникот Конзулов и домаќините разговараа за искуства во областа на работењето, а беше и разгледана можноста за реализација на идни заеднички проекти. Исто така се разменија мислења од областа на туризмот и културата кои можат да се применат во нашата општина.

 

 

Карактеристично за градот Ташкопри, кој е релативно мал град со 3500 жители, е што целото гратче е покриено со ГПС сателитски систем преку кој градоначалникот со службите ги следи сите активности и ги детектира сите комунални проблеми со што се овозможува брза интервенција и решавање на проблемите. Ова искуство беше особено интересно и за градоначалникот на општина Радовиш со интенција да се изработи проект за негова примена и во Радовиш.

Она што исто така го привлече вниманието на градоначалникот Герасим Конзулов беше и системот за наплата на водата со водомери со припејд картички, т.е систем на самонаплата на потрошувачката на водата од страна на самите граѓани.

Од друга страна, она што беше особено впечатливо од збратимената општина Чинарџир, кој е град со 30 000 жители, којшто преку летото се зголемујва на околу 500 000 со приливот на турситите за кои градот располога со сместувачки капацитети за 470 000 луѓе.

 

 

Во Чинарџик, мошне корисна беше посетата на прочистителната станица, чиишто прочистени води се под секојдневна контрола од Министерството за животна средина пред да се пуштат во морето. Ова беше интересно за нас, бидејќи и општина Радовиш е во финална фаза со давањето во употреба на прочистителната станица.

Инаку, со градоначалникот на Чинарџик, градоначалникот Герсим Конзулов договори работа на заеднички проекти со цел привлекување на неповратни средства за развојот на општина Радовиш.

Посетата на Јалова – град со 170 000 жители исто така остави голем впечаток со модерниот изглед на овој убаво уреден град, којшто во 1999 година доживеал голем земјотрес во кој неофицијално загинале околу 25 000 луѓе. Меѓутоа, градот брзо се подигнал, а шутот од земјотресот бил искористен со поставување во морето во појас од 25 метри од морето со што се добиле 5 хектари нови површини од брегот, кој сега е уреден со зелени површини и атрактивни туристички понуди.

 

 

Особено интересна беше постетата на Центарот за прифаќање на кучињата скитници во градот Јалова. Имајќи го предвид сè позиразениот проблем со кучињата скитници и во општина Радовиш, градоначалникот Герасим Конзулов исакажа интерес за тоа на кој начин е уреден и на кој начин работи овој современ Центар за прифаќање на кучињата скитници со цел и ова искуство на соодветен начин да биде применето и во Радовиш.

На крајот од оваа успешна и корисна посета на воие три градови во Р. Турција беше договорена и возвратна постета на Радовиш со цел конкретизирање и продлабочување на соработката, која ќе резултира со потпишување нна меморандуми за дологорчна соработка и помош на општина Радовиш.