ПРИЕМ НА МЛАДИТЕ БОРАЧИ НА БК БУЧИМ РАДОВИШ
Дата
July 30, 2019
Категорија
Вести, СпортГрадоначалникот Герасим Конзулов денес оствари средба со борачите, тренерите и раководството на БК Бучим. Повод за приемот беше успешното учество на Меѓународниот турнир којшто се одржа во Јалова, Р. Турција во периодот од 26-27.07.2019 година.
На турнирот учествуваа вкупно 120 учесници од 16 различни екипи од повеќе држави како што се Шпанија, Косово, Молдавија, Бугарија и Турција.
Од БК Бучим учество зедоа вкупно 9 борачи, a се вратија со исто толку освоени медали, и тоа:
I место: Михајло Илиев
II место: Мехмет Усеинов и и Илија Атанасов
III место: Стефан Митев, Мартин Иванов, Ѓорги Ѓоргиев, Гоше Павлов , Зорица Јованова и Христина Ѓоргиева
Градоначалникот Конзулов им ги честиташе успесите на нашите млади борачи од БК Бучим и им посака многу успеси и во наредниот период.