If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПРИЕМ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СПОРТИСТИ И ФОЛКЛОРИСТИ
12871
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12871,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПРИЕМ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СПОРТИСТИ И ФОЛКЛОРИСТИ

Дата

September 13, 2017

Категорија

Вести

Денеска прием на најдобрите спортисти, фолклористи и инструменталисти од натпревари на Републичко ниво од Меѓуопштинското здружение на пензионери од општина Радовиш. Градоначалникот на општината Сашко Николов воведе една добра традиција посебно интересна за нас граѓаните од третата доба, ги пофали пензионерите иако се во поодминати години и се уште се витални, а посебно тие што некогаш биле и олимпијци, сега продолжуваат со цел да имат активно и здраво стареење.

 

Претседателот на Здружението на пензионери Јордан Костадинов му изрази благодарност на градоначалникот Сашко Николов за се што прават како локална самоуправа во општина Радовиш, а градоначалникот видно задоволен кажа дека и понатаму ќе продолжи да ги подржува како здружение и сите нивни активности кои ги имаат. Учесници од ова здружение имат освоено 2 медали бронзени еден во фрлање ѓуле пензионерот Живко Милев, во домино Даринка Стојкова бронзен медал на ниво на Република.

 

На ниво на фолклор Меѓуопштинското здружение на пензионерите имаат женско трио составено од пензионерките Васка Илиева, Зорка Ристова и Лоза Тадирова кои учествуваа на Меѓународен фестивал „Пеце Атанасовски“ во Долнени и освоија три признанија како група и освоија прво место како женско трио и најдобра гајда во Македонија за оваа година Здравко Андонов од Ињево. Водич на фолклорната група е Ристе Крстев. Денеска присуствуваа и нивните судии на спортско ниво, имаше претставници кои од Радовиш учествуваат како спортски судии Ванчо Николов, претседател на комисија за спорт и координатор за спортски активности во источниот дел на Македонија Лилјана Младеновска, Зорка Јованова како член на комисијата за култура, Петар Јанков како претседател на комисијата за култура. Инаку на ниво на општина се подготвија и беа пополнети сите спортски активности со вкупно 60-тина спортисти кои учествуваа на регионалните спортски натпревари во Штип.