ПРОДОЛЖУВА ПРОГРАМАТА ПО ПОВОД „1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“, СЛЕДУВА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2019“
Дата
September 12, 2019
Категорија
Вести, КултураДраги пријатели, продолжуваме со одбележувањето на јубилејот „1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“. По седми пат општина Радовиш ќе биде домаќин на традиционалната и најмасовна манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“.
И оваа година, под покровителство на ЕЛС општина Радовиш, а во организација на ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ во деновите од 11 до 13 Октомври, на локацијата – паркинг Орел, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.
Уште еднаш сите заедно да докажеме дека нашите два бренда-самунот и татлијата, и нашата топла гостопримливост се можност да привлечеме уште повеќе гости и заедно да бидеме горди на нашиот голем јубилеј.
Ве очекуваме.