If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАБОТИЛНИЦА „ДИГИТАЛНИ БИБЛИОТЕКИ“
14962
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14962,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАБОТИЛНИЦА „ДИГИТАЛНИ БИБЛИОТЕКИ“

Дата

October 03, 2018

Категорија

Вести

Во присуство на 35 вработени во библиотеките во Р Македонија, во организација на Здружението за равој и иновации на библиотеки „ИНОВА ЛИБ“ вчера во Радовиш започна дводневниот семинар на тема „Дигитални библиотеки“ кој е дел од проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки”.

 

Проектот се реализира во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола и  Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиша, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и Општина Радовиш.

 

Поздравно обраќање во име на општина Радовиш имаше Секретарот Драги Стојанов, каде што на присутните исто така им посака пријатен престој во Радовиш и успешна работа за време на дводневниот семинар.

 

Со оваа активност Здружението Инова Либ се вклучи во одбележувањето на европската година за заштита на културното наследство со слоган „Нашето наследство: каде минатото се сретнува со иднината“.
Библиотеките, музеите и архивите чуваат голема количина на човеково знаење и искуство кое е со векови создавано. Роднокрајните збирки се богати со важни документи и вредна граѓа и се носители на историјата и културата на луѓето на одредени подрачја и ја обединуваат граѓата која го сочинува македонскиот културен и национален идентитет. Роднокрајните збирки поради својот специфичен материјал, условите за користење и складирање се помалку достапни и видливи за јавноста, но технологијата денес нуди бројни можности за подобро презентирање на локалните фондови и поголема видливост за целните корисници.
Главната цел на проектот е да ја зголеми видливоста на роднокрајните збирки во библиотеките преку прикажување на квалитетни алатки за презентација на роднокрајната граѓа во дигитален облик, и да ги информира вработените во јавните библиотеки за процесите на дигитализација кои се веќе започнати во државата.
Првиот ден во првата сесија беа претставени двете софтеверски решенија: дигитално архивирање и управување со дигиталните објекти, како и вовед и запознавање со пораталот на Дигиталната библиотека (www.dlib.mk).