If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАБОТНА ПОСЕТА НА ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ ВО РАДОВИШ
13897
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13897,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАБОТНА ПОСЕТА НА ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ ВО РАДОВИШ

Дата

March 09, 2018

Категорија

Вести

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, секретарот на општината Драган Стојанов, раководителот на секторот за урбанизам при општина Радовиш – Кирчо Сусинов и и советникот за образование во текот на вчерашниот ден беа во работна посета на ООУ „Крсте П.Мисирков“.

 

Тие остварија средба со директорот на училиштето Олгица Стојанова, која што ги потенцира сите предности на училиштето, но и проблемите со кои се соочува.
Воедно, таа ги нагласи изразените приритети на учиулиштето при мшто ги повика градоначалникот со соработниците во обиколка на училиштето.

 

Градоначалникот со соработниците најпривин ја увидоа состојбата со резервоарите за нафта и ризиците од нивата местоположба во подрумот на училиштето, а потоа и просторните услови во кои работи училиштето заедно со спортската сала и други помошни згради.

 

На крајот градоначалникот со раководителот на урбанизмот ја нагласија потребата од итно решавање на проблемот со канализацијата и пумпите за таа цел со уверување дека овој проблем брзо ќе се реши со цел отпадните води од училиштето по гравитациоен пат да се внесат во канализацијата на градот.

 

На крајот од средбата, градоначалникот имаше прием од наставничките од училиштето, коишто приредија прекрасна трпеза со домашни рецепти. Градоначалникот срдечно им го честита 8 Март – денот на жената и на сите наставнички и работнички во училиштето им подари каранфили.