РАДОВИШ ПРАЗНУВА И ГО ЧЕСТВУВА СВ.СПАСО РАДОВИШКИ
Дата
August 21, 2019
Категорија
Вести, КултураСо одржување на вечерната богослужба во Храм „Св.Троица“ со која чиноначалствуваа Неговото правосвештенство Митрополитот Брегалнички Г-дин Иларион, Викарскиот епископ Г-дин Јаков Стобиски и свештеници од Брегалничката епархија, продолжи чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.
Веднаш потоа со иконата на Светиот великомаченик Спасо Радовишки беше организирана голема вечерна Литија од Храм „Св.Троица“ до плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ како и Духовната академија, на која покрај Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на Советот Коле Чаракчиев и Пратеничката Милевка Ѓоргиева, присуствуваше и делегација од збратимената општина Тетевен од Република Бугарија, предводена од Претседателката на Советот Г-ѓа Марија Стојчева.
Во организација на Македонската православна црква, Брегалничка епархија-Храм Св.Троица и Центарот за култура „Ацо Караманов“, програмата продолжува и денес – 21 Август со одржување на Светата Архиерејска литургија во 08:00 час. во Храм „Св.Троица“, Славската трпеза во Манастирот „Св.Георгија“ во с.Ораовица како и вечерната програма почнувајќи од 19:30 час. со отворање на ликовната изложба од меѓународната ликовна колонија „Св.Георгија 2019“ и со фестивалот на староградски песни „Саноќ седам“ на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ со почеток во 20:30 час.
Со Божјата милост и славата на светителот Св.Спасо Радовишки да ја продолжиме традицијата на чествување, и со неговите молитви да ги негуваме добрите души.