If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ СО ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ
12219
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-12219,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ СО ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ

Дата

February 04, 2017

Категорија

Вести

Во текот на вчерашната посета на општина Радовиш шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар заедно со австрискиот амбасадор Ренате Коблер остварија средба со градоначалникот на општината Сашко Николов.

На средбата амбасадорите беа запознаени со проектите кои во нашата општина се реализираат од европските фондови, тие на градоначалникот Сашко Николов му доделија признание односно Сертификат за успешната работа на општина Радовиш во делот на успешна реализација на проекти подржани од Европската унија.

 

„Јас навистина ја ценам соработката со вашата општина, сакам да истакнам задоволство од посветеноста и подготвеноста на општината за реализација на многубројните проекти кои се реализираа, и очекувам реализација на уште повеќе проекти. Посебно сум задоволен од реализацијата на последниот проект-Пречистителна станица и од динамиката на изградбата. Јас му ветив на градоначалникот Николов помош за дополнителни проекти преку фондовите за меѓугранична соработка за вашата општина да добие и други ЕУ проекти“-рече амбасадорот Жбогар.

 

„Европа за вас е кампања во рамките на која ја посетуваме вашата општина, со градоначалникот имавме отворена размена на информации и сум задоволна од тоа што слушнавме и видовме дека тој е целосно ангажиран и посветен на реализација на проекти кои се многу значајни за вашата општина. Убедена сум дека ова соработка ќе продолжи и во иднина“-рече Ренате Коблер, амбасадот на Австрија во Р. Македонија.

 

,,Ова признание е многу значајно за мене како градоначалник, а убеден сум дека е значајно и за сите граѓани на нашата општина. Во изминатиов период се реализирани повеќе проекти особено во делот на животната средина и инфраструктурата. Во моментов во нашата општина се реализира многу значаен проект Пречистителна станица за отпадни води, но би сакал да ги споменам и претходно успешно завршените проекти со подршка на финансиски средства од Европската унија како што се канализација во населено место Воиславци и Калугерица, асфалтирање на улици во населените места Ињево, Подареш и Злеово, детски парк во Ораовица, спортско игралиште и детски парк во трета месна заедница и други проекти. Задоволен сум од направеното и сметам дека и во иднина нашата општина ќе ја оправда ова доверба и ќе продолжи со успешно реализирање на повеќе проекти значајни за нашите граѓани“-рече градоначалникот Сашко Николов.

 

Амбасадорите на ЕУ ја посетија локацијата на која се гради Пречистителната станица заедно со претставници од фирмата изведувач и надзорот. Истотака направија и кратка посета на Црквата „Света Троица“.