If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СТИПЕНДИИ ЗА ДВАЕСЕТ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ
11208
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11208,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СТИПЕНДИИ ЗА ДВАЕСЕТ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ

Дата

November 27, 2015

Категорија

Вести

Дваесет ученици добија стипендија од општина Радовиш, истите се доделуваат трета година по ред

 

Градоначалник на општина Радовиш Сашко Николов денес свечено им ги додели стипендиите на 20 ученици од основното и средното образование за учебната 2015/2016 година. Според Правилникот за доделување на стипендии на ученици од основното и средното образование во кој се наведени критериумите за избор на учениците и по распишаниот јавен конкурс и доставената ранг-листа од Комисијата за пријавените кандидати за стипендирање на ученици во основното и средното образование во Радовиш. Дел од критериумите кои допринесуваат еден ученик да биде добитник на општинска стипендија се: континуиран одличен успех, освоени награди на ученички натпревари на општинско, државно и меѓународно ниво, препораки од ментори и наставнички совети, социјална структура на семејството од кое доаѓа ученикот, и други.

 

,,Трета година по ред доделуваме општинска стипендија, големо е задоволството што имаше пристигнато многу пријави но не можевме сите да ги наградиме, мислам дека во делот на донесувањето на одлуката се трудевме да бидеме максимално објективни согласно критериумите кои ги имаме во Правилникот. Најтранспарентно ги одбравме учениците и ги наградивме. Идејата беше да ги мотивираме и стимулираме учениците во основното и средното образование да постигнуваат подобри и повисоки резултати во образованието. Имаме размислување за да ја надградиме идејата и да имаме неколку стипендии и за студенти, но се уште сме во фаза на размислување на ова.,,-Рече градоначалникот Николов.

 

Секое училиште може да добие максимум 4 стипендии-одделно за шесто, седмо, осмо и девето одделение. Воедно секое општинско училиште се стекнува со право за добивање на стипендија за упис во прва година средно, односно пријавените ученици добиваат по 10 бодови плус ако се запишат во СОУ,,Коста Сусинов,,. Што се однесува до гимназијата ова година тројца ученици кои се запишале таму добиле ваква стипендија, и плус упте тројца ученици од втора, трета и четврта година.

 

Годинава сите училишта и гимназијата ја искористиле максималната бројка за стипендирање освен ООУ,,Орце Николов,, кое има двајца стипендирани ученици.

 

Висината на стипендијата изнесува 2.500 ден. за ученици од основното образование и 3.000 денари за средно образование, а учениците ја добиваат девет месеци во текот на учебната година од месец октомври до месец јуни-додека трае учебната година.