If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | УСПЕШНО СПРОВЕДЕН ПРОЕКТОТ ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА
11249
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11249,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

УСПЕШНО СПРОВЕДЕН ПРОЕКТОТ ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА

Дата

December 15, 2015

Категорија

Вести, Реализирани Проекти

Од 01.06.2015 година до 30.11.2015 година во нашата општина се спроведуваше проектот Општинско-корисна работа. Самиот проект беше насочен кон услови за одржливи вработувања и подршка на одржливи вработувања на долгорочно невработени евидентирани лица  во општина Радовиш преку вработување на 15 невработени лица и имплементирање на мерки за креирање на социјална инклузија на маргинализираните лица (грижа на стари, осамени и изнемоштени лица, деца со интелектуална попреченост, подршка на жртви на семејно насилство, подршка на самохрани родители, роми и др.);.

Кон успешното спроведување на проектот беа насочени и 15-те лица ангажирани за грижа за старите лица од нив 3-ца беа ангажирани во ЦИЛИП ,,Порака,, каде заедно со корисниците на ова институција имаа активности според нивните потреби.

 

Ангажираните 12 лица ја спроведоа  обврската да ги посетуваат предвидените лица, да помагаат во делот на секојдневните обврски кои лицата самостојно тешко ги извршуваат како пазарување, плаќање на сметки и слично, притоа овозможија мерење на притисок на крвта, мерење на шеќер во крвта, мерење на телесната тежина и покривање на други потреби согласно распоредот и потребите на посетените лица. Додека ангажираните 3 лица ја спроведоа обврската да ги посетат предвидените лица (децата со интелектуална попреченост во регионалниот центар ПОРАКА), при што пружија помош во делот на секојдневните обврски кои лицата самостојно тешко ги извршуваат како дружење, едукација, помош при секојдневните активности и други потреби согласно распоредот и потребите на посетените лица. Исто така беше организирана и еднодневна екскурзија на децата со интелектуална попреченост во регионалниот центар ПОРАКА во зоолошката градина во Скопје во почетокот на месец Ноември.

 

До крајот на проектот се координираа и следеа посетите од ангажираните лица и се даваа задолженија и се пружи помош на поединечни критични случаи. По укажување на ангажирано лице за посети, од страна на Општинскиот координатор беше посетено семејството Томови, кое брои 8 члена и од кои 5 се со утврден Даунов синдром, истите живеат во супстандардни услови при што во соработка со проектните партнери им беше доставена првична помош и партнерите на проектот се обврзаа континуирано да ги помагаат во склоп на своите можности. Исто така по известување од страна на ангажирано лице, од страна на Општинскиот координатор беше посетено семејството Стојанови, кое брои 2 члена – сопруг и сопруга, кои боледуваат од тешки болести и се делумни инвалиди, при што истите побараа поддршка при добивање на финансиска помош за грижа од страна на трето лице од страна на ЦСР Радовиш, така што им се помогна при поднесување на соодветно барање.

 

Причини за избор на дадената  група крајни корисници за учество во програмата за Општинско- корисна работа, предизвици при процесот на пријавување, избор  на крајни корисници, степен на задоволство на крајните корисници од услугите обезбедени преку програмата, степен на задоволство на крајните корисници од услугите обезбедени од страна на ангажираните лица  итн.

 

Од научените лекции и информациите кои редовно ги добиваше општина Радовиш преку дневните и неделните извештаи на ангажираните лица општина Радовиш се реши да определи буџетска ставка за оваа намена во иднина со што делумно или со помош на надворешни финансиски приходи ќе може целосно да одговори на потребите на крајните корисници на својата територија.