Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА ПРИ ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА
10029
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10029,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА ПРИ ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА

Дата

March 03, 2015

Категорија

Вести

Денес во ООУ Орце Николов во Ињево, според годишната програма за работа на училиштето и развојниот план се одржа “Показна вежба за евакуација при елементарната непогода” од планот за евакуација при елементарни непогоди како што се: пожар, земјотрес, поплави и др.

 

Оваа вежба беше во соработка со ТППЕ Радовиш, а најпрвин беа направени насоки за движење и тоа во два наврати, едниот со бавни движења и објаснување од страна на наставниците, каде што на даден знак на училишното ѕвонче како и со брзи движења при што училиштето беше напуштено за помалку од една минута.

 

Сите наставници направија пребројување на своите ученици, во однос на присутноста на учениците, а исто така беше направен инпровизиран пожар, и пријавен од страна на учениците во ТППЕ Радовиш која одговори на повикот за околу 6-7 минути.

 

Пожарникарите од ТППЕ Радовиш, интервинираа во најбр времески пертиот и беа на местото на инпровизираниот пожар кој го  изгаснаа. Исто така извршија објаснување за различните видови на пожари, нивни причинители и повеќе начини за гаснење.

 

Учениците внимателно ја проследија вежбата, а од страна на пожарникарите на ТППЕ Радовиш им се појаснија повеќе прашања. Целата акција од страна на сите вклучени субјекти беше успешно изведена.