If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛОВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ПРЕНЏОВ
11055
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11055,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛОВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ПРЕНЏОВ

Дата

October 22, 2015

Категорија

Вести

Заменик министерот на локална самоуправа Пренџов оствари средба со градоначалникот Николов

 

Денеска во посета на општина Радовиш беше заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов кој на средбата со градоначалникот Николов ги презентираше можностите за аплицирање на проекти преку програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Во моментов има отворен повик за искористување на овие европси фондови и средства и во интерес на локалната самоуправа е да бидат истите искористени.

 

 

Градоначалникот Николов истакна дека со заменик министерот разговарале за аплицирање наповеќе проекти меѓу кои целосна реконструкција на кровната конструкција на Детска градинка ,,Ацо Караманов,,, градски плоштад, градски парк и други проекти. Општината се уште е во фаза на размислување и определување на приоритетните проекти за прекугранична програма, а реализацијата на истите ќе зависи и од бугарскиот партнер. ,,Ние како општина сме подготвени со повеќе проекти, односно техничка документација и останува во најбрз можен рок да решиме кои ќе бидат нашите приоритети,,.

 

 

Заменик министерот Пренџов изјави дека покрај дискусијата на тема прекугранична соработка и искористување на овие европски фондови, во текот на идната година буџетот на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за рурален развој ќе биде двојно поголем и ќе има можности за реализација на повеќе проекти.