АКТИВНОСТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ КАТЧИЊА
Општина Радовиш започна со активности за уредување на сите детски паркови низ општината што вклучува: санација, поправка на детските реквизити, фарбање и чистење на просторот во и околу истите.
Како и секоја година општината за овие активности се вклучени ангажираните работници од социјално ранливи категории на граѓани задолжени за изведување на различни активности во делот на јавни работи.
Деновиве се работи на детските паркови во Ињево, Манастир Св.„Ѓеорги Великомаченик“, во населба Раклиш, а во текот на следната недела ќе бидат опфатени и сите останати.
Исто така од Општина Радовиш најавија и набавка на нови клупи, канти и нова урбана опрема, која ке биде поставена во централното градско подрачје и по кејот на Радовишка река.
Дата
July 22, 2016