ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ ЈА ПРЕВЗЕМА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
October 26, 2017
Категорија
ВестиДенес се изврши чинот на примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Радовиш. Герасим Конзулов официјално е прв човек на Општина Радовиш.
Градоначалникот Герасим Конзулов истакна дека за него е голема чест да се биде Градоначалник на Општина Радовиш, но исто така и голема одговорност, исто така истакна дека сите средства општината ќе ги троши наменски и по строго утврдени приоритети.
Во своето обраќање претходниот Градоначалник Сашко Николов упати честитка до новиот Градоначалник Герасим Конзулов и новите советници. Николов изрази очекување дека ќе продолжи реализацијата на проектите и развојот на општина Радовиш со уште посилно темпо од досега.