If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ИНТЕНЗИВИРАНИ
16465
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-16465,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ИНТЕНЗИВИРАНИ

Дата

July 25, 2019

Категорија

Тековни Проекти

  1. Во завршна фаза се изградба на ул. бр. 7 во с. Калугерица со должина од 1200 метри и улица бр. 10, крак 2 во с. Ињево со должина од 545 метри, чие асфалтирање ќе биде завршено за 10 до 15 дена.
  2. Во завршна фаза е проектот за постатување бехатони во градот со кои се опфатени и се решаваат некои повеќедецениски проблеми за приод кон станбени објекти како што се:
  • приод од улица „Вапцарова“ во населба Куклевица
  • приод од улица „Мето Хаџи-Василев“

 

  1. На 20.07.2019 год. спроведена е акција во населбата Дамјан во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта.

Имено, од гребениот асфалт од патниот правец Радовиш-Штип, изработени се 4 (четири) улици во вкупна должина од 1700 метри.

Општината обезбеди утоварувач од Ј.П. „Плаваја“, 2 камиони и еден ваљак кој го гради патот за Боров Дол, еден камион од „Македонија пат“, од „Еуро Инг“ Гевгелија и „Штрабаг“ кој беше вклучен во реализацијата.

На сите кои помогнаа, општината им изразува благодарност.

 

 

  1. Интензивно се работи на изградба на локалниот пат кон с. Смиланци, чие завршување се очекува до крајот на месец август.
  2. Избран е изведувач за изградба на улици во с. Калаузлија со должина од 650 метри и ќе се започне со реализација на почетокот на месец август.
  3. Во тек се подготовки за јавни набавки за изградба на улици во с. Сулдурци, Тополница, Аликоч, Калуѓерица, Ињево, Раклиш, Ораовица и во градот.
  4. Се работат проекти за локални патишта, и тоа:
  • обиколница Подареш (Малешевски пат)
  • локален пат до градски водовод (по реката)
  • локален пат до с. Пуголево

 

  1. Интензивно се работи на изработка на зафаќање на пороите во:
  • Радовиш (од ул. Ана Поцкова – позади Хотел „Панорана“ до река Сушица)
  • Ињево – 3 порои
  • Воиславци – 2 порои
  • Сулдурци – 1 порој
  • Раклиш – 1 порој
  • Регулација на реките во: с. Ињево, Калуѓерица, Злеово, Покрајчево, Јаргулица, Порадеш и Раклиш.

 

  1. Изработен е проект за зафаќање на атмосферските води во месна заедница „Куклевица“ (на Булевар „А. Македонски“ до нас. Раклиш) за спречување од катастрофалните поплави кои случуваат повеќепати во текот на годината.
  2. Се работи на проект за фекална канализација во река Сушица (од мостот кај кланица „Андонови“, северно кон индустриска зона)

 

АКТИВНОСТИ ПРОДОЛЖУВААТ…